Научници вработени во шпанскиот Национален совет за истражување (CSIC) препорачуваат да се молчи во метро и јавниот превоз за да спречат ширење на вирусот корона.
Тие го објаснија тоа мислење со фактот дека податоците укажуваат дека оваа мерка значително ќе го намали ризикот од инфекција, пренесува шпанската Avangardija.
Со месеци експертите за епидемиологија и аеросоли ширум светот повикуваат на поостри мерки за спречување на ширење на вирусот низ воздухот, а покрај одржување на дистанца, хигиена и носење заштитни маски, се препорачува проветрување како една од клучните мерки за спречување на ширење на вирусот.
Истражувачот на CSIC, Марија Круз Мунгилјон, ја истакна важноста на проветрувањето, но исто така рекла дека треба да се почитува друга мерка – тишина во јавниот превоз.
WHO recommending ventilation as key factor. Bravo @DrMariaNeira!!! (HT @ShellyMBoulder) https://t.co/okxf1swQZH
— María Cruz Minguillón (@mc_minguillon) October 31, 2020
„Би било идеално кога во метрото се иницира ‘постојана тишина’. Тишината и добрата соодветна маска го намалуваат ризикот. Ако зборуваме на телефон или зборуваме гласно затоа што е бучно во метрото, се испуштаат 50 пати повеќе аеросоли“, рекла Марија Круз Мунгилјон.
Таа објаснила дека оваа мерка е многу важна, бидејќи во метрото нема проветрување и дека ако некој има вирус и се вози со метро, важно е воздухот да биде што помалку загаден.
Исто така, се посочува дека оваа мерка треба да важи и за други видови јавен превоз.