КАКОВ МАЛЕР – НАСЛЕДНИЦИ ПРОДАЛЕ КУЌА А НЕМАЛЕ ПОИМ ДЕКА ВО НЕА СЕ КРИЕ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Купувачот, во кутии и тегли, нашол злато вредно колку 4. КУЌИ!

Општина Морез во источна Франција неодамна купила куќа за 130.000 евра, а над илјада златни монети и пет златни шипки во вредност од 500.000 евра биле пронајдени во стаклени тегли во внатрешноста на зградата, објави „Ле Паризиен“.
Кога градоначалникот на Морез, Лоран Пети, го објавил откривање на вредното богатство, тој предизвикал ентузијазам кај градските лидери, бидејќи буџетот на тој град сега е поголем за половина милион евра.
Морез е град со 5.000 жители, а градот случајно ја купил таа куќа во центарот на градот, со желба да ја обнови и да направи две продавници на приземјето, и станови на горните два ката, пишува „Ле Паризиен“.
Куќата била во лоша состојба, полна со разни предмети – имало сè, од кутии, стари чорапи, до искористени пластични кутии за пакување маргарин.

“Кога започнавме да ја средуваме куќата, мене ми падна вториот кат. Наидов на најлонска кеса полна со конзерви и стари стаклени шишиња за кисели краставички. Сфатив дека конзервите се полни со парички, но не ја знаев нивната вредност. Потоа видов златни прачки и срцето ми заигра. Членови на семејството Жобез со децении ги чувале златните рпачки и монетите“, рекол Мартин Ријалан, кој работи во општината.
Кога починал последниот член на семејството Жобез, кој немал наследници, куќата ја наследиле далечни роднини и решиле да ја продадат, не сфаќајќи какво богатство се крие внатре, додава „Ле Паризиен“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(Рецепт) Манастирски напиток кој „крева од мртви“

Сè ќе ви биде јасно кога ќе ви кажеме дека главните состојки на лековитиот манастирски …