(ФОТО) Љубовна приказна каква нема ниту на филм: Шон Конери 45. години сакаше една жена

Во свет каде што односите и браковите се’ потешко се преживуваат, парот кој остана заедно 45. години изгледа скоро надреален. Шон Конери и Мишелин Рокбрун Конери го делеа и доброто и злото.
Шон и Мишелин се запознаа во 1970. година во Мароко на вечера одржана по повод турнир во голф, но ништо не беше како во филм. Тие почувствуваа искра, но во тој момент и двајцата беа свежо разведени.


Всушност, Мишелин веќе се развела, а Шон го привршувал разводот. Ноќта кога се сретнале, таа фантазирала за него, но не верувала дека можат да бидат заедно. Покрај Шон, таа чувствувала мир, знаеше дека е посебен, па наутро отишла повторно на турнирот и повторно се сретнала со него.
Сепак, нивната приказна е далеку од бајка. Во тој период им било тешко да се видат, тие живееле на различни места. Мишелин сè уште со своите деца живеела во Северна Африка.


После тој состанок, ништо не се случувало две години, а потоа Мишелин добила порака од Шон кој се јавил да се видат во Марбеља.
Јазичната бариера не им претставувала проблем иако тој не зборувал француски, а таа едвај зборувала англиски. Така, тие научија да комуницираат на свој начин, на љубовниот јазик.


Во 1975. година, тие разменија завети и се ветија еден на друг, а дури во 1990 година тие започнаа да живеат заедно на Бахамите.
Кога конечно се обединија, тие веќе не се разделија во следните 45 години.
„Мишелин е неверојатна жена. Таа е љубовта на мојот живот“, рекол актерот во една прилика.
Шон Конери почина во 91. година од животот на Бахамите, по кратко боледување, мирно и во сон.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Австралија Опен: Новак, одиш во строг карантин и имаш 100. долари (дневно) за храна

Новак Ѓоковиќ ќе ја брани титулата на Австралија опен,а кампањата за деветтиот пехар во Мелбурн …