(ФОТО) Лекар истрчал 35. километри за да докаже дека маските се сигурни

ДОКТОР Том Лотон од Велика Британија решил да провери дали носењето маска може да влијае на нивото на кислород, па носејќи ја истрчал 35 километри.
Тој, додека трчал, со оксиметар го набудувал нивото на кислород.
„Нивото на кислород беше 98. проценти секој пат кога проверував“, напишал тој на Твитер.
Во интервју за Си-Ен-Ен, тој рекол дека сака да покаже дека маските се безбедни за носење и неопходни за борба против ширењето на коронавирусот.
Бројни здравствени работници ги повикуваат луѓето да носат маски за да се заштитат себе си и другите. Но, стана контроверзна тема затоа што некои луѓе одбиваат да носат маски.
„Бев фрустриран кога видов дека некои седат без маска и тврдат дека носењето им го намалува нивото на кислород“, додаде Лотон.

Иако признава дека носењето маска не е пријатно, нивото на кислород никогаш не паднало.
„Трчав до и од работа. Треба да држиме дистанца, да се придржуваме до правилата за изолација, да ги миеме рацете и да носиме маска“, заклучил тој.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Секоја чест – Неверојатно но вистинито: На онлајн концертот на Марија Шерифовиќ биле собрани 166.666 евра за лекување на малечката Миња

Синоќа, Марија Шерифовиќ го одржа својот хуманитарен онлајн концерт на платформата „YOUBOX“. Цената на билетот …