УРНАТИ МИТОВИ – Еве кои намирници се здрави и полезни за организмот а досега ни се зборуваше друго!

Моника Реинагел, е светски позната нутриционистка која често дава совети за здрава исхрана, а исто така ги руши митовите за храната. Таа откри која храна, иако веруваме во спротивното, можеме да ја конзумираме почесто.


Консумацијата на „обично“ црно кафе се покажало како добро кога станува збор за зголемување на добриот холестерол во организмот и намалување на воспалението. Кафето е богато со антиоксиданси кои ги штитат срцето и клетките, и ако не претерате, нема потреба да го исфрлате од планот за дневна исхрана.

Бифтек од црвено месо, тврди Реинагел, има лоша репутација од сосема погрешни причини. Филе мињон и плам стек (пафлак) се парчиња кои се нутриционистички многу „силни“ и затоа се добри за здравјето на срцето.
Црвеното месо е добар извор на протеини, железо, витамини од групата Б, цинк и други хранливи материи и исто така содржи мононезаситени масти, слични на оние од маслиновото масло, па затоа се препорачува негово консумирање.


Свински маснотии
Бројни студии покажаа дека свинската маст има 33% помалку заситени („лоши“) маснотии од путерот, двојно повеќе „добри“, мононезаситени и три пати поголема содржина на омега 3 масни киселини. Иако нутриционистката советува како примарен извор на маснотии да остане маслиновото масло, таа не гледа ништо лошо во тоа маста да ја направиме втора на вашата листа. Би-Би-Си пишува дека салото е одличен извор на витамини од групата Б и минерали.


Компир
Ако ја намалите количината на сол што ја консумирате дневно, треба да го зголемите внесот на калиум, советуваат нутриционистите. Јадете свежо овошје, зеленчук и цели зрна, а еден од најдобрите извори на калиум е компирот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(РЕЦЕПТ) 5. напитоци кои се пијат пред спиење: Додека спиете, црниот дроб се чисти, килограмите се топат, телото се подмладува!

Овие производи совршено го чистат црниот дроб и ги топат масните наслаги. За да го …