НЕОПХОДЕН – Што укажува на недостаток на витаминот Б12 и зошто е важен

Погледнете како да препознаете недостаток и како да ја зголемите количината на овој витамин во организмот.
Витаминот Б12 помага да се создадат здрави крвни клетки и го одржува здравјето на нервите. Ниското ниво на овој витамин може да предизвика здравствени компликации како што е анемија.
Многу е важно да се знае дека овој витамин е многу важен за правилно функционирање на организмот.
Замор, слабост и отежнато дишење се симптоми кои укажуваат на недостаток на овој витамин. Во тој случај потребно е да посетите лекар, но во меѓувреме, нека оваа храна е на вашата трпеза, како превентивна мерка.
Тие го зголемуваат нивото на витамин Б12.


Лососот е одличен извор на витамин Б12. Богат е и со омега 3 масни киселини, кои се важни за работата на телото и мозокот.
Јајцата се исто така добар извор, што е добра опција и за вегетаријанците. Една порција говедско месо содржи повеќе од половина од дневниот препорачан внес на витамин Б12.
Млекото, јогуртот и сирењето со малку маснотии се исто така добри извори.


Витаминот Б12 главно се наоѓа во производи од животинско потекло, но и житарките со цели зрна се збогатени со овој витамин.
Млекото од соја, бадем и ориз е одлична опција за оние кои сакаат да го зголемат внесот на витамин Б12 и да јадат во согласност со принципите на вегетаријанска исхрана.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Во клиника за абортуси жена нарекла кукавица: Поради реакцијата снимката е хит!

КОГА 26-годишната Венди Гроф не се грижи за своите четири деца или не ја води …