МАКЕДОНСКАТА СНАА – втората тенисерка на светот позитивна на корона вирус: Оваа година повеќе нема да игра

ВТОРАТА тенисерка од светот, Романката Симона Халеп, потврди дека има коронавирус и се опоравува од лесните симптоми на болеста.
29-годишната Халеп на својот Твитер профил призна дека е позитивна и се опоравува дома. Таа исто така изјави дека оваа година најверојатно, повеќе, нема да настапува.


Романката не отпатува во Њујорк на УС Опен поради здравствени причини, а потоа настапи на Ролан Гарос каде загуби во 4. коло од подоцнежната победничка Ига Свиатек.


Халеп е поранешен светски рекет број еден и победник на Ролан Гарос во 2018 година.


Минатата година таа се сврши со Тони Јуруци, македонски бизнисмен кој во Романија се стекнал со богатство, но свадбата не беше закажана поради обврските и плановите на Симона Халеп.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Официјално е: Добре дојдовте на стадионот „Диего Армандо Марадона“

Градските власти на Неапол донесоа официјална одлука стадионот на Наполи „Сан Паоло“ во иднина да …