За Ботас пол позиција на патеката во Имола

Финецот Валтери Ботас денеска ја освои пол-позицијата за Големата награда Емилија Ромања во Имола, а во првиот ред ќе биде и неговиот клупски колега од Мерцедес и лидерот во Формула 1 натпреварувањата, Луис Хамилтон.
Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, кој заостана 0,567 секунди зад Ботас, утрешната трка ќе ја започне од третата позиција.
Возачот на Алфа Таури, Пјер Гасли, ќе ја започне трката од вториот ред, додека Даниел Рикардо имаше петто време во Рено.Александар Албон, Чарлс Леклерк, Даниел Квајт, Ландо Норис и Карлос Саинц се до десеттото место.

Трката за Големата награда на Емилио Романо на патеката во Имола ќе се вози утре од 13.10 часот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Официјално е: Добре дојдовте на стадионот „Диего Армандо Марадона“

Градските власти на Неапол донесоа официјална одлука стадионот на Наполи „Сан Паоло“ во иднина да …