ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ПОДАТОЦИ НА СЗО: Рекордни 505 000 нови случаи ширум светот за само 24 часа – најмногу од почетокот на пандемијата!

Повеќе од 505.000 нови случаи на коронавирус се регистрирани во СВЕТОТ во петокот, што е највисоко за еден ден од почетокот на пандемијата, објави Светската здравствена организација.
Од тоа, околу половина новоинфицирани, 258.628 се во Европа. Регистрирани се 152.211 нови случаи во Северна и Јужна Америка, а околу 58.000 во Југоисточна Азија.
Претходно, на 24. октомври, беше забележано највисокото дневно салдо од бројот на новоинфицирани во светот – 490.298, пренесува ТАС С.


Околу 44,9 милиони луѓе се заразени со вирусот корона во светот. Според податоците на СЗО објавени денес, бројот на починати е зголемен за повеќе од 7.000. Скоро 1,18 милиони луѓе починаа од почетокот на пандемијата.
Според земјите, сè уште најмногу инфицирани има во САД, 8,7 милиони, во Индија 8. милиони, Бразил 5,4 милиони, по што следат Русија, Франција и Шпанија, Аргентина, Колумбија со повеќе од еден милион.
Статистиката на СЗО се заснова само на официјално потврдени податоци за бројот на заразени и починати објавени од земјите.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се слави Свети Јован Златоуст: Народни обичаи и верувања!

Патријарх Цариградски. Роден е во Антиохија, во 354 година, од татко Секунд, војвода, и мајка …