(ВИДЕО) По 18 часа, мајка со три деца, извлечени од урнатините во Измир

Мајка и три деца се безбедно извлечени по 18 часот од урнатините на една зграда во турскиот град Измир, кој беше најсилно погоден од земјотресот.
Спасувачките екипи сè уште се борат да го извлечат четвртото дете, пренесува Ројтерс.
Откако Турција и Грција беа погодени од силен земјотрес, жртвите сè уште се бројат, но исто така се трага по преживеаните.

Градоначалникот на Измир, Тунк Соер изјави дека околу 180 луѓе сè уште се заробени под урнатините.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

ПОВТОРНО ГРДИ БРОЈКИ: Во Македонија од ковид 19 починале 21. лице: Регистрирани се нови 444 случаи!

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2518 тестирања, а регистрирани …