Боки 13 си дојде дома: Судот го испрати во домашен притвор

Бојан Јовановски, попознат како Боки 13, ќе биде префрлен од притвор во истражниот затвор во домашен притвор, одлучил Апелациониот суд на Северна Македонија.

Јовановски беше во притвор во истражниот затвор „Скопје“ од 15. јули минатата година, кога беше отворена истрага за случајот „Рекет“, за кој тој, во јуни годинава, беше осуден на девет години затвор.

Неговата жалба против одлуката на Кривичниот суд во Скопје за притвор досега неколку пати беше одбивана, како и барањето тој да биде префрлен во домашен притвор поради лошата здравствена состојба.


Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, второобвинета во случајот „Рекет“, осудена во прв степен на седум години затвор, претходно беше пренесена во домашен притвор.
Додека третиот обвинет, Зоран Милевски, кој се изјасни за виновен и доби три години затвор, минатата недела отиде на издржување на казната.
Против Јовановски се води друга постапка пред судот во Скопје, во кој тој е првообвинет за финансиски проневери.

Извор: nova.rs

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ДОНЕСЕНА ОДЛУКА: Велика Британија ја одобрила употребата на вакцините на Фајзер и Бионтек

Тим од Оксфорд разви една од најуспешните вакцини против ковид 19 Велика Британија ја одобри …