ШПАНСКИТЕ НАУЧНИЦИ ОТКРИЛЕ – ПОВЕЌЕ ОД 80 ОТСТО ОД ЗАРАЗЕНИТЕ ИМАЛЕ НЕДОСТАТОК НА ОВОЈ ВИТАМИН: Го има во рибата, јајцата и млекото, а еве и како нашето тело го произведува!

Од почетокот на пандемијата на вирусот корона, се потенцира важноста на витаминот Д во борбата против корона вирусот, односно се поставува прашањето колку недостаток на овој витамин всушност може да влијае на развојот на потешка форма на Ковид-19. Доказите за поддршка на оваа теорија стануваат сè почести.
Неодамна, шпански истражувачи од Универзитетот Кантабриа во Сантандер објавија студија која потврди дека дури 82 проценти од хоспитализираните пациенти со дијагностициран коронавирус имаат недостаток на витамин Д.
Студијата е објавена на 27. октомври во „Journal of Clinical Endocrinology and Metabolism’ (Журнал за клиничка ендокринологија и метаболизам“ и вклучува 216. пациенти од болница во северна Шпанија.
Од набљудуваните пациенти со недостаток на витамин Д, 44. биле пренесени на одделот за интензивна нега, а 37. завршиле на респиратор. Исто така, откриено е дека мажите имаат пониско ниво на овој витамин во споредба со жените. Научниците предупредуваат дека витаминот Д не е лек за корона вирус, туку дека му помага на телото да го зајакне имунитетоти влијае на енергијата и општото здравје на организмот, што имплицира на намалување на ризикот од добивање на респираторна инфекција.

Токму затоа шпанските експерти ги повикале граѓаните да земаат дополнителни дози на витамин Д за време на пандемијата.
„Препорачливо е овој витамин да се зема кај пациенти со ковид, ако имаат намалено ниво на истото, бидејќи таквиот пристап ќе има корисни ефекти и на мускулно-скелетниот и на имунитетниот систем“, рекол Хозе Хернандез, еден од истражувачите од Универзитетот во Кантабриа.


Ова е само едно во низата студии насочени кон утврдување дали витамин Д е оружје за Ковид-19. Британците неодамна започнаа голема студија со 5000 волонтери што ќе ги следат колку ефективен може да биде витаминот Д како превентивна мерка.
„Додатоците на витамин Д се ефтини и широко распространети, и доколку се докажат ефикасни, тие би можеле значително да помогнат во нашата глобална борба против вирусот“, рекол Дејвид Џозеф од Универзитетот „Квин Мери“ во Лондон, кој ќе ја води студијата. Витаминот Д најдобро го внесуваме со директно изложување на Сонце, а кога станува збор за намирниците, можеме да го најдеме во масна морска риба, рибино масло, шитаке печурки, јајца, млеко, полномрсни млечни производи, исцедени портокали …


Недостаток на витамин Д е почест кај старите и дебелите луѓе, кои се најризичната група кога станува збор за заболување од корона вирусот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) ПРВИ НА СВЕТОТ – Во Русија започнало вакцинирањето против корона вирусот

Граѓаните можат да аплицираат за вакцинација преку Интернет и можат да обезбедат бесплатен термин на …