(ФОТО) Поради короната, Бекамови ја одложија венчавката на нивниот син: Сватот сака предбрачен договор да го заштити богатството од 1,,6 милијарди долари (на ќерката)

Поранешниот фудбалер Дејвид Бекам и неговата сопруга Викторија одлучиле да ја одложат венчавката на нивниот најстар син Бруклин поради пандемијата. За да не дојдат во непријатна ситуација да го скратат списокот на гости, свадбата, која беше планирана за 2021. година, е преместена во 2022. година.
Најстариот син на Дејвид и Викторија Бекам, Бруклин Бекам и неговата свршеница, актерката Никола Пелц, ја одложија својата венчавка поради епидемијата на вирусот корона. Наводно биле планирани две свадби за септември 2021 година, едната во Флорида, а другата на имотот на Бекамови во Англија, а бидејќи сè уште не се сигурни дали ќе мора да го намалат бројот на гости поради пандемијата, тие одлучиле се’ да преместат на 2022 година.

Идните младенци се многу нетрпеливи, па можеби, според изворот, тие официјално ќе се венчаат без многу помпа, а прославата ќе ја организираат подоцна. Се проценува дека нивната венчавка ќе чини околу 5. милиони долари

Сепак, таткото на актерката, Нелсон Пелц, наводно бара од идните младенци да потпишат предбрачен договор, бидејќи тој не сака неговото богатство, односно наследството на неговата ќерка, кое се проценува на 1,6 милијарди долари, да заврши во рацете на Бекамови, доколку дојде до развод. Инаку, богатството на Бекамови се проценува на околу 45. милиони долари.

Да потсетиме, Никола и Бруклин се свршија после седуммесечна врска, а вереничкиот дијамантски прстен најстариот син на Бекамови го платил неверојатни 200.000 УСД.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ТАЖНО И БОЛНО – Во Македонија денеска се регистрирани 1288 нови случаи на Ковид 19: Починаа 39. лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3349 тестирања, а регистрирани …