(ФОТО) Пејачката се сликала гола и покажала како изгледа псоријазата

Пејачката Лиен Лимес Цибријан, решила со обожавателите да сподели како изгледа болеста со која се бори долго време. Станува збор за псоријаза.
Со цел нејзиниот збор да има поголема тежина, пејачката споделила и фотографии на која е целосно гола со цел да се видат промените на кожата.
„Моето патување во приватна и креативна смисла, мојата нова песна и подкастот што излегуваат наскоро, ископаа дел од мене што повеќе не сакам да го кријам. Ова беше, и сè уште е, патување што им овозможува на тие фрагменти да формираат целина. Музиката е мојот подарок и затоа сум тука. Сега сакам да им дадам глас на оние други делови од мене. Сакам да им дадам глас на толку многу луѓе кои минуваат низ истата работа. Конечно, дојде време да бидам искрена за тоа што е псоријаза и како изгледа“, напишала пејачката на својот Инстаграм профил.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Филипче: „Лек за ковид-19 сѐ уште нема, граѓаните да не купуваат лекови на црно за кои не е докажано дека помагаат“

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, на поставено новинарско прашање за препродавање и купување на …