Од понеделник на Сител стартува „Магазин“

ТВ Сител во вистински момент го покренува дневната емисија „Магазин“ која би требало да ни ги оттргне мислите од тмурното секојдневие исполнето со грижи, нервози, пандемија…
„Магазин“ со познатите Тв лице, Јана Серафимова и Јелена Богојевиќ, ќе се потруди да го задржи вниманието на гледачите скоро цел час нудејќи содржини кои ќе ги „разоткријат“ славните, како живеат, од што се плашат, на што се радуваат, како одговараат на прашања што досега никој не им ги поставил. Ќе ја имаат помошта и од колегите Сања Димитровска и Александар Динев, кои ќе разговараат со медицински лица на тема здравје и здрави навики.

Од „Магазин“ најавуваат животни приказни од цела Македонија, што значи дека акцентот нема да биде ставен само на славните туку и на луѓе од нашето секидневие…
„Магазин“ на програмата ќе биде секој работен ден (од понеделник до петок) во 10. часот, но најверојатно ќе има и реприза…
А ако „Магазин“ биде како што најавуваат „отворено, искрено и без предрасуди“ навестува интересни содржини.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ПОМАЛ БРОЈ ТЕСТОВИ ПА ПОМАЛКУ ЗАБОЛЕНИ: Во Македонија денеска се регистрирани 820 нови случаи на Ковид 19: Починати се 32 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2019 тестирања, а регистрирани …