Објавена дебитантската поетска книга на Стефан Костоски „Гирланда“

Деновиве во издание на „Современост“ излезе од печат првата поетска збирка од Стефан Костоски, „Гирланда“. Книгата содржи триесетина песни пишувани во раздобје од повеќе години, за кои Стефан Марковски пишува:

„Стиховите на Костоски се пијат и допиваат како нивниот последен зрак, како префинето, старо вино кое некогаш ги заплискувало ѕидовите од силно сјаечко шише фрлено на брегот од едно улисовски разбранувано море во кое поетот си ги пушта корабите за да бидат очи на неговото небо додека, легнат на грб, ги посматра цветовите кои во исто време патуваат низ него.[…] Созадоволство и желба за продолжување на творечката одисеја можеме да констатираме дека Костоски како еден од неколкумината млади неоромантични, неосимболични, а истовремено модерни македонски поети во своето деби успеал да ги амалгамира ваквите прекршувања, но и премини во елегантен и стилизиран, метафизички поетски дискурс втемелен на идејата за совршеноста и светоста на причинско-последичната врска за постоењето и функцијата на секој (светло) збор.“


Стефан Костоски е роден на 12 јуни 1991 воОхрид. Завршил основно и средно стручно економско училиште во Охрид, а дипломирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје на Катедрата за општа и компаративна книжевност.

Досега поезија и литературни есеи објавувал во периодични списанија.

Тој е еден од десетте финалисти на меѓународниот поетски фестивал „Слово 21“ во Гостивар.

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Швајцарската драма „Хронофобија“ во кино „Милениум“ -хроника на невозможна љубовна приказна-

Швајцарската драма „Хронофобија“ во режија на Франческо Рици е на реперторот на киното „Милениум“ во …