Facebook

КСП Подиум- Јадро со онлајн изложба ги прикажува делата на Јадран Манчев

КОНТРАСТ И ВРЕМЕ селекција на фотографии работени во последните 10 тина години, без континуитет и однапред одреден план туку главниот мотив или концепт се: Контрастот како фундаметален принцип во композицијата во дизајнот, сликарството, фотографијата , музикита и времето без кое што цртањето со светлина или фотографијата не може да се замисли, со чија помош се манипулираат и менуваат фотографиите и времето како четврта димензија во пејзажот.

Контраст и време е апстрактен обид.

Јадран Манчев е роден 1974 година во Кавадарци. Основно и средно образование има завршено во Кавадарци. На почетокот на 90-те години почнува да се интересира за графички дизајн и обликување на продукти, надоградувајќи се со новите дигитални технологии кои што ги носи времето. Денеска работи како мултимедијален дизајнер: Илустрација, Фотографија, Видео…
Со фотографија поинтензивно се занимава од 2004 година, во тоа време исклучиво на филм, во 35мм и среден формат, а последните неколку години работи дигитална фотографија.
Од 2008 до 2018 има реализирано самостојни изложби како и учество во повеќе групни настани како Фотомедија –скопје, Млади Ликовни уметници и нивни гости –Кавадарци, БОШ –фестива – Гевгелија …

Автор е и куратор на две фотографски изложби и тоа:
2015 – Благоја Бањански – Фотографии од архивот 1960 – 1977
2019 – Бранко Ивановски – Фотографии од Тиквешките Гроздобери 1965 -1981.
Коавтор е на книгата: Кавадарци низ објективот на старите фотографи – 2014

Настанот е дел од проектот „УЧЕСТВУВАМЕ, ЗАСТАПУВАМЕ, МЕНУВАМЕ – демократизација и децентрализација на јавните простори и јавните добра преку нов модел на институција на јавно-цивилно партнерство 0.2″ на ЈАДРО – Асоцијација на независната културна сцена поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Кинодејноста на респираторни машини, нема никаква стратегија за спас на кинокултурата

Алина Попеску, генерален секретар на Меѓународната федерација на асоцијации на филмски дистрибутери, ќе одржи онлајн-презентација …