Ин Мемориам: На 69 годишна возраст почина актерот Данчо Чевревски

На 69 години вчера во Скопје по долго боледување почина актерот и професор Данчо Чевревски.
Македонскиот театарски, филмски и телевизиски глумец и продуцент Данчо Чевревски почина синоќа во Скопје на 69 годишна возраст.

Чевревски е роден на 17. мај 1951. година во Скопје. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје на отсекот за драмски актери. Специјализација, односно филмско усовршување има добиено на УКЛА во Лос Анџелес.

Тој е еден е од основачите на приватното претпријатие за производство на филмови ТРИАНГЛ, а работеше и како професор на ФДУ во Скопје и беше декан на Факултетот.

Глумеше во повеќе југословенски и македонски филмови, меѓу кои „Игмански марш“, „Хај-фај“, „Трст виа Скопје“, „Тетовирање“, „Џипски меџик“, „Панкот не е мртов“, „Ова не е американски филм“.

Добитник е на повеќе награди во текот на неговата плодна кариера, а минатата година на 14. издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“, му беше доделена наградата „Астер“ за исклучителни достигнувања на филмот и на ТВ.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Секоја чест – Неверојатно но вистинито: На онлајн концертот на Марија Шерифовиќ биле собрани 166.666 евра за лекување на малечката Миња

Синоќа, Марија Шерифовиќ го одржа својот хуманитарен онлајн концерт на платформата „YOUBOX“. Цената на билетот …