(ВИДЕО) СПЕКТАКУЛАРНО – ЈА ЗАТРЕСОЛ МРЕЖАТА ОД СВОЈАТА ПОЛОВИНА: Фудбалер на Омонија постигнал гол од НАЈГОЛЕМА ОДДАЛЕЧЕНОСТ во историјата на Лига Европа!

Фудбалерот на Омонија, Хорди Гомеш постигнал еден од најатрактивните голови во историјата на Лигата на Европа.
Холандскиот ПСВ ја совлада кипарска Омонија со 2:1 во второто коло од групната фаза во Лигата на Европа, сепак, победата на Филипсовците целосно падна во втор план.
Натпреварот го одбележа спектакуларен потег на искусниот играч за врска на кипарскиот тим.
Гомеш постигна нереален гол за Омонија во 29-та минута од натпреварот. Шпанецот изведе слободен удар од оддалеченост од 56 метри, шутираше кон голот од сопствената половина и го совлада голманот на тимот од Ајндховен.

Фудбалерот на Омонија го постигна голот од најдолгата дистанца досега во ова натпреварување. Тој го сруши рекордот поставен од играчот на Ренџерс, Кемар Рофе во првото коло.
Уживајте!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Официјално е: Добре дојдовте на стадионот „Диего Армандо Марадона“

Градските власти на Неапол донесоа официјална одлука стадионот на Наполи „Сан Паоло“ во иднина да …