(ВИДЕО) ОПШТЕСТВЕН ЕКСПЕРИМЕНТ – АКО СЕ ПРАШУВАТЕ КАКО ИСЧЕЗНУВААТ ДЕЦАТА ЕВЕ ООДГОВОР: Пораз на цивилизацијата! Ова видео мора да го видат сите родители! ВО ШТО СЕ ПРЕТВОРИВМЕ!

Веста за исчезнувањето на дете, за жал, стана премногу честа на страниците на црните хроника низ целиот свет, особено во западните земји.
Колку и да стануваат чести, тие секогаш подеднакво не потресуваат и повеќето луѓе се прашуваат како е можно детето да исчезне токму така. Поразителниот одговор на ова прашање главно лежи во видеото што се шири на социјалните мрежи.


Имено, видеото прикажува повторена ситуација на киднапирање момче среде улица полна со минувачи. И минувачите за жал се токму тоа – тие поминуваат без никаква реакција покрај очигледно киднапирање.


Преокупирани со своите телефони, грижи и обврски, скоро никој на видеото не одвојува една минута што може да спаси живот на дете во реална ситуација. Иако киднапирањата биле „извршени“ така што разбојникот му се доближил на детето од позади, му ја ставил раката преку устата и насилно го одвлекол до хаусторот, повеќето од присутните решиле да не видат ништо алармантно во тоа. Никој не реагира, тие си одат безгрижно додека детето е киднапирано на сред улица, а тие дури ниту телефонот не го оставаат.

За жал, тоа е слика на нашиот сегашен став кон она што не ни се случува директно и големо предупредување дека ретко кој ќе реагира во ваква сериозна ситуација.

На крајот од снимката има предупредување:Животот може да се изгуби за само неколку секунди. Не ги оставајте вашите деца без надзор.
Иако станува збор за кампања на француски јазик, видеото се прошири на социјалните мрежи меѓу корисниците во многу земји како предупредување за сè почести злосторства од ваков вид, но и отсуство на реакција од сограѓаните кога е најпотребно.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Во клиника за абортуси жена нарекла кукавица: Поради реакцијата снимката е хит!

КОГА 26-годишната Венди Гроф не се грижи за своите четири деца или не ја води …