(ВИДЕО) НАПРАВИЛ ДОБРО ДЕЛО – МАЖ СО КАПА И МАСКА ДЕЛЕЛ СЛАТКИ НА УЛИЦА: Сите се шокирале кога виделе за кој познат глумец станува збор!

Гласачите за изборите од Бруклин биле изненадени од човек кој носел капа и заштитна маска и им делел колачи со боровинки додека чекале на ред да ги вметнат своите гласачки ливчиња.
Многумина беа уште позачудени кога го препознале актерот Пол Рад под заштитната маска. Видеото од делењето колачи на Рад ги преплавил социјалните мрежи.


“Стоев во редот и мислев дека Пол е само таму за да гласа, но потоа почна да им дели колачиња на луѓето во редот. И тој чекаше да ги поздрави луѓето кога ќе излезат и да им се заблагодари бидејќи гласаа на дожд”, рекол музичарот Брајан Розенворзел кој го снимил гестот на актерот.
Ова не е прв пат Рад да ја искористи својата слава за да направи нешто за општо добро. Минатиот месец тој учествуваше во кампања чија цел беше да ги едуцира жителите на Њујорк за носењето маски.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Филипче: „Лек за ковид-19 сѐ уште нема, граѓаните да не купуваат лекови на црно за кои не е докажано дека помагаат“

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, на поставено новинарско прашање за препродавање и купување на …