(ФОТО) Сериозни обвинувања: „Саша сакаше да му загуши со перница!“

Германскиот тенисер Александар Зверев е обвинет за злоставување од неговата поранешна девојка Олга Шарипова.
Шарипова најпрво на својот Инстаграм профил го открила тешкиот период низ кој поминувала, но не го именувала Зверева.
Сепак, нешто подоцна ја контактирале од Championat.ru. Во разговорот за тој портал таа потврдила дека доживеала непријатни сцени со моментално седмиот тенисер во светот.


“Еден ден шетав во Њујорк со Даша Медведев (сопругата на Данил Медведев). Малку доцневме во хотелот, а Саша се налути за тоа. Се скаравме. Како што напишав на Инстаграм, тој се обиде да ме задуши со перница, ми ги сврте рацете. Се обидов да избегам од собата, но тој не ми дозволи. На крајот, успеав да се ослободам и да побегнам”, изјавила Шарипова за Championat.ru и продолжила:


“Ме најде долу, во холот. Се обидовме да разговараме, но знаев дека нема ништо од тоа. Се обидов да заминам, но тој ме турна во ѕидот и ми рече дека немам каде да одам. Ми рече дека никој не се грижи за мене и за тоа што тој ми го прави. За среќа, дојдоа некои луѓе и јас истрчав на улица со нив. Бев сама. Добро е што имав телефон со мене, затоа поканив еден пријател да дојде. Тоа не беше прв пат да прави такви работи, но тоа беше најлошо“.

Зверев се уште не се огласил и нема информации дали ќе се спроведе подетална истрага во врска со сè.
Без оглед на тоа, може да се претпостави кои денови го чекаат 23-годишниот Германец…особено што негова друга бивша девојка објавила дека е бремена но дека нема да му дава да го гледа детето…

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Победата на Хамилтон во Бахреин во сенка на несреќата на Грожан

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон триумфираше на трката за Големата награда на Бахреин, 15-та трка …