(ФОТО) Сега знаеме како Меконахи успеал да ослабне 20. килограми за новата улога

Не е тајна дека актерот Метју Меконахи неверојатно ослабнал поради неговата улога во филмот „Добри дилери од Далас“ во 2013 година, што на крајот му донесе Оскар за најдобра главна машка улога. Сепак, она што е помалку познато е начинот на кој холивудскиот убавец ослабнал повеќе од 20. килограми.


Сите претпоставувале дека Меконахи ја користи вообичаената формула – вежбање, строга диета и апстиненција од алкохол. Сепак, во подкастот „The Joe Rogan Experience”, актерот открил дека пиел алкохол колку што сакал за време на неговата диета.
„Кога решив да го сторам тоа, постапив мудро. Си дадов пет месеци да ослабам. За појадок имав пудинг од тапиока или нешто слично и белки од три јајца. Имав риба и зеленчук за ручек, како и за вечера и онолку вино колку што сакав да пијам. Губев нешто повеќе од 1,1 килограм неделно без да се утепувам од вежбање“, рекол Меконахи.
На крајот тој тежел 61. кг, но тврди дека не се подвргнал на измачување за улогата, туку објаснил дека најтешко му било да ја донесе одлуката.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Во нејзините 70-ти, таа добила тело што го немала ниту во нејзините 20-ти: Сето тоа благодарение на овие едноставни правила!

Таа е најстарата инструкторка по фитнес, има 73. години и на нејзиното тело и завидуваат …