(ФОТО) ПУКНАЛА ЉУБОВТА – Бред Пит и германската манекенка повеќе не се заедно: Му се вратила на сопругот кој има интересен став за аферата!

„Тие никогаш немаа ништо сериозно“ им рекол на медиумите извор близок до Бред.
Холивудскиот шармер Бред Пит (56) и привлечната Никол Потуралски (27) ја раскинале својата кратка и страсна врска, пишува списанието Us Weekly.

Пред неколку месеци, папараците ги снимија како се прегрнуваат на аеродром во Франција. Проблемот е во тоа што младата манекенка е омажена за Роналд Мери (68), а уште поизненадувачки бил фактот што актерот ја запозна минатата година во ресторанот на нејзиниот сопруг, „Борхард“ во Берлин.

„Никол му го даде својот телефонски број веднаш штом се сретнаа и тука започнаа искрите меѓу нив“, рекол пријател на манекенката.
Љубовниците, наводно, немаат намера да се помират и меѓу нив е „дефинитивно готово“.


Никол Потуралски

„Никогаш немаа ништо сериозно“, изјавил извор близок до Бред.

Но, и покрај тоа што не биле сериозна двојка, тие биле снимени заедно на концертот на Кание Вест во Лос Ангелес во ВИП ложата уште на крајот на 2019. година.


Пит и Никол заедно долетале во францускиот замок

Пит ја однел Никол во неговиот замок „Шато Миравал“ во Франција ова лето, местото каде што се ожени со Анџелина Џоли (45), која била бесна поради неговиот потег.


Пит и Никол заедно долетале во францускиот замок

Бракот на манекенката е стабилен и покрај сè, а богатиот Германец нема проблем со неверството затоа што се во отворена врска, а заедно го имаат 7-годишен син Емил.

„Роналд беше во брак неколку пати и има пет деца. Не го интересира негативност или љубомора“, рекол негов пријател.


Бред Пит

Инаку, Потуралски понекогаш го користи уметничкото име Нико Мери, а ја застапуваат од три агенции за моделинг – A Management, Official Models во Њујорк и NEXT Models во Лос Анџелес. Висока е 178. сантиметри, а досега ја красела насловната страница на германското издание на „Харперс базар“ и септемвриското издание на германската „Еле“.

Според Daily Mail , како дете сакала да стане морски биолог, но на 13-годишна возраст ја открил ловец за таленти во париски Дизниленд.


Никол Потуралски
Таа е родена во Бергкамен во германската рурска област, со полско потекло и зборува пет јазици.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) ПРВИ НА СВЕТОТ – Во Русија започнало вакцинирањето против корона вирусот

Граѓаните можат да аплицираат за вакцинација преку Интернет и можат да обезбедат бесплатен термин на …