Семејната приказна за еден од најценетите германски комичари „Сè за мене“ премиерно во кино „Милениум“

Емотивната приказна за детството за Хапе Керкилинг, еден од најценетите комичари во Германија, филмот „Сè за мене“, од денеска премиерно се прикажува во киното „Милениум“ во Скопје. Филмот ќе биде на репертоарот на киното до следниот четврток.

Ханс Петер „Хапе“ Керкелинг  е култен лик на германската комедија. Филмот зборува за него, за неговата депресивна, презаситена мајка, срдечното семејство, соништата… Германска биографска комедија од 2018 година. Ова остварување е во режија на Каролине Линк, а улогите ги толкуваат познатата германска актерка Луизе Хеер, потоа Зенке Меринг, Хапе Керкелинг…

Филмот има освоено повеќе награди меѓу кои, три од 6 номинации за Германските филмски награди, награда Бамби за најдобра актерка, награда за најдобра машка улога на Филмскиот фестивал во Сиетл…

Во оваа слатка приказна за потеклото на еден од најомилените германски комичари, едно буцко деветгодишно момче во 1972 година во Германија со проблематичен семеен живот, наоѓа утеха кај неговите срдечни баби и сопствената желба да ги насмее луѓето.

Дистрибутер е „Катавеј“, а дистрибуцијата е поддржана од „Герман филмс“.

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Швајцарската драма „Хронофобија“ во кино „Милениум“ -хроника на невозможна љубовна приказна-

Швајцарската драма „Хронофобија“ во режија на Франческо Рици е на реперторот на киното „Милениум“ во …