ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: На девојка и откажале бубрезите и црниот дроб бидејќи била на строга диета – јадела половина бисквита и една бонбона дневно!

Седумнаесетгодишната Медисон Фолкнер од Белфаст минатата година тежела само 40. килограми после една година строга диета за која сама изготви план за исхрана, што било многу лошо.
Се состоела од една бонбона и половина бисквит на ден. Таа тврди дека не знаела ништо за нарушувања во исхраната, само сакала да ослабне откако нејзините пријатели и рекле дека е дебела.
„Имаше неколку коментари од луѓе дека сум дебела и дека навистина треба да ослабнам. Верував во тоа бидејќи мислев дека тие се мои пријатели“.
Нејзината мајка Кимберли рекла дека прво ја забележала Медисон како го враќа ручекот што го носела на училиште, а за време на вечерата се криела во својата соба и храната ја фрлала во ѓубре. Девојката почнало да чувствува вртоглавица на училиште, а тоа ја принудило нејзината мајка да ја однесе на лекар кој не забележал нарушување во исхраната, но ја испратил на КТ скен на нејзиниот мозок.


Девојката ништо не преземало сè додека не се онесвестила на училиште затоа што почнале да и откажуваат црниот дроб и бубрезите. Таа била ставена на строг режим на исхрана. Таа морала да јаде на секои два часа и да лежи во кревет за да ја врати својата тежина.
Мајката тврди дека домашното лекување не помогнало затоа што Медсон се чувствувала беспомошна и трипати се обидела да си го одземе животот.
Таа конечно решила да се пријави на клиника за нарушувања во исхраната откако две недели била потполно без храна. Сега, кога Медсон е на колеџ, ја вратила својата тежина и вели дека чувствува страв од нарушувања во исхраната.
Собрала пари и ги донирала на клиниката каде што се лекувала и што и помогнала да остане жива. Таа сака да стане медицинска сестра за ментални болести.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) ПРВИ НА СВЕТОТ – Во Русија започнало вакцинирањето против корона вирусот

Граѓаните можат да аплицираат за вакцинација преку Интернет и можат да обезбедат бесплатен термин на …