Намирници кои ги штитат белите дробови: Богата е со витамини А, Е и Д

Здравјето на белите дробови никогаш не било поважно отколку во пандемијата на коронавирус. Овој витален орган може да биде заштитен од болести и со правилна исхрана – намирници кои содржат витамини кои се многу важни за белите дробови.
Сирење, јатки и лиснат зеленчук можат да бидат од голема помош во борбата против белодробните заболувања – од астма и емфизема до настинки.
Едно британско истражување испитувајќи 6.000 дневници на исхрана на субјекти открило дека учесниците со ниско ниво на витамини А, Е и Д имале повеќе проблеми со дишењето, дури и кога биле земени предвид други фактори како што се тежината и пушењето.


Се верува дека витаминот А, кој се наоѓа во полномасно млеко и сирење, моркови и темно зелен лиснат зеленчук, како и витамин Е, кој се наоѓа во растителни масла, јатки и семиња, го стимулира имунитетот.
Сепак, друг витамин важен за имунитет – витамин Д – обично може да се компензира само преку додатоци.
Водечкиот автор на студијата, професорот Адријан Мартин од Универзитетот „Кралицата Мери“ во Лондон, рекол дека некои студии покажале дека „луѓето со пониско ниво на витамин Д може да бидат поподложни на коронавирус“.


Д-р Сузана Алмосави, од Факултетот за јавно здравје при Империјал колеџ во Лондон, додала:
„Знаеме дека добрата исхрана е основа на добро здравје. Првенствено, нашите откритија ја потенцираат важноста на целокупната исхрана и потребата да се постигне адекватен внес на витамини како што се А и Е од храната. Меѓутоа, во случај на витамин Д, она што го добиваме од исхраната не е доволно за да се обезбеди соодветно ниво што би ги задоволило барањата на организмот.
Научникот Шејн МекАлиф, кој го води центарот за исхрана NNEdPro, го коментираше ова истражување.
„Со оглед на нашето знаење за степенот на недостаток на витамин Д кај популацијата, избалансиран со ниски трошоци и низок ризик од несакани ефекти, се чини разумно да се советува земање додатоци, особено на оние кои најверојатно страдаат од недостаток на витамин Д“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) ПРВИ НА СВЕТОТ – Во Русија започнало вакцинирањето против корона вирусот

Граѓаните можат да аплицираат за вакцинација преку Интернет и можат да обезбедат бесплатен термин на …