(ВИДЕО) Објавен трејлер на филмот што го режирал Џорџ Клуни

Познатиот Џорџ Клуни последен пат глумеше во филмот „Игра на пари“, кога партнер му беше Џулија Робертс. После тоа, тој го режираше филмот „Предградие“, глумеше во серијата „Квака 22“ и се врати оваа година со филмот „The Midnight Sky“, чија премиера ќе ја има во декември на стриминг платформата Нетфликс. Клуни е и режисер и главен лик во овој филм.
Филмот се базира на книгата „Good Morning, Midnight“ од Лили Брукс-Далтон, а во него Клуни го игра научникот Аугустин Лофтхаус, кој се наоѓа во истражувачка станица на Арктикот. Времето е пост-апокалиптично, тој е последниот човек на Земјата, воедно умира и од рак, но открива дека на станицата има девојче кое се прошверцувало при последната евакуација.
Неговата цел е да го запре враќањето на истражувачкиот вселенски брод од еден од сателитите на Јупитер на планетата Земја, бидејќи на Земјата повеќе нема живот.

Станува збор за филм од научна фантастика што Клуни го опишува како „мешавина“ од филмовите „Повратник“ и „Гравитација“. Покрај Клуни, во филмот играат Фелисити Џонс, Дејвид Олијово, Тифани Бун, Кајли Чендлер и Демијан Бичер. Тие се астронаути во истражувачки вселенски брод, додека девојчето Ирис го игра Каоилин Спрингал.
„Ликот што го играм има 70. години. За жал, се приближувам до тој изглед. Секогаш изгледав малку постаро, но сега изгледам така. Би рекол дека изгледам како татко ми, но татко ми изгледа подобро од мене”, изјавил Клуни за „Варајети”.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Секоја чест – Неверојатно но вистинито: На онлајн концертот на Марија Шерифовиќ биле собрани 166.666 евра за лекување на малечката Миња

Синоќа, Марија Шерифовиќ го одржа својот хуманитарен онлајн концерт на платформата „YOUBOX“. Цената на билетот …