(ВИДЕО) Нетфликс го купил новиот каубојски филм на Идрис Елба

Покрај тоа што е продуцент на „Concrete Cowboy“, Идрис Елба ќе игра и еден од главните ликови. Овој филм ќе им биде претставен на корисниците на Нетфликс во 2021 година, пишува „Варајати“.
Филмот беше премиерно прикажан на филмскиот фестивал во Торонто во септември, по што Нетфликс го купи.
Заплетот на филмот го следи петнаесетгодишниот Кол, кого го толкува Кејлеб Меклафлин. Кога неговата мајка го праќа да живее со неговиот татко во Филаделфија, Кол го открива магичниот свет на јавање.
Во филмот играат и Џарел Џером, Лореин Тусен, Бајрон Бауерс и Клифорд Смит.


Филмот се базира на книгата „Гето каубој“ напишана од Грегори Нери.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) На концертот на Адел во Лас Вегас ќе можат да дојдат само луѓе кои се вакцинирани и имаат негативен тест

Обожавателите кои сакаат да присуствуваат на концертот на пејачката Адел во Лас Вегас мора да …