(ВИДЕО) Вирален пар од ТикТок шокирал:„Ние сме полубрат и полусестра!“

Двојката која стои зад популарниот профил на ТикТок со повеќе од 600.000 следбеници шокираше многу нивни обожаватели признавајќи дека се полубрат и полусестра.
Дијана Камила Авила и Џорди Вена станаа вирални со бројни снимки и имаат повеќе од 9. милиони лајкови на „ТикТок“. Двојката првично започна да објавува снимки какви што ставаат повеќето парови кои сакаат да се прослават на таа социјалната мрежа, но предизвикаа доста конфузија кога признаа дека се полубрат и полусестра.
“Се запознавме пред шест години, но започнавме да се забавуваме пред три. Се запознавме преку нашите родители”, изјавила Дијана за LADbible.

@alphafamiliaMeet the Alpha’s new girl @jordievena ##ColorCustomizer ##MyCostume ##fyp ##foryou ##foryoupage ##alpha ##alphabama ##stepsis ##stepbro ##step ##sibling ##tiktok

♬ no where to run by stegosaurus rex – emily

Таа додала дека тоа всушност било љубов на прв поглед, но поради начинот на кој се запознале, и двајцата ги премолчиле своите чувства. Но, една вечер кога ги немало родителите, парот започнал да се бакнува, а остатокот, како што велат, е историја.

@alphafamiliaIt all started on sibling movie night @yungdivide ##stopchallenge ##step ##stepsibling ##alpha ##alphabama ##stepsis ##stepbro ##siblings ##stepsister ##fyp

♬ Meant To Be by Yung Divide – Yung Divide

Откако откриле како се запознале, добиле бројни критики на социјалните мрежи. „Среќно со убедувањето на родителите“, е еден од коментарите, а имало и такви кои напишале колку им е непријатно да го гледаат бакнувањето на парот.

@alphafamiliacall your step-sis your wife and see her reaction @jordievena ##HalloweenIsHere ##MeLeaving ##alpha ##alphabama ##tiktok ##stepsis ##stepbro ##siblings ##step

♬ original sound – Alpha

Но, парот им возврати на критичарите, дека не им е грижа што мислат. „Ние се сакаме и ако не ви се допаѓа, тоа е ваш проблем“, рекла Дијана, додавајќи дека тие се горди полубрат и полусестра.
Таа исто така открила колку негативни реакции добиваат на дневна основа. “Тешко им е на луѓето да ја разберат нашата врска, но љубовта е љубов. Тешко е да се знае во кого ќе се заљубите”.

@alphafamiliaDid you know that? ##gimmegimmesome ##SFXMakeup ##ComingOfAge ##alpha ##alphabama ##fyp ##foryoupage ##foryou ##stepbro ##stepsis ##sibling ##step ##stepsibling

♬ Gimme Some – Beginners & Freedo

Патем, двојката не е во крвно сродство и не се сите против нивната врска – тие исто така имаат многу обожаватели кои ги поддржуваат и ја бранат нивната врска.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Јатките и семките мора да ги јадеме секој ден: Како да ги користиме а од нив да го „земеме“ она најдоброто!

Сите знаеме дека јаткастите плодови се исклучително здрави, но намерно ги занемаруваме поради калориите. Научете …