(ВИДЕО) Баба (94) херој на интернет „сочно“ му се осветила на мажот за измамата

Супер бабата Дорис (94) е вистинска sвезда на социјалните мрежи затоа што често ги воодушевува своите следбеници со видеа во кои зборува за разни авантури. Сепак, едно од нејзините видеа се издвојува од другите затоа што во него бабата отворено кажува како му се одмаздила на сопругот кој ја изневерил.
Баба Дорис се прослави на ТикТок благодарение на нејзиниот внук Гиј. Тој почнал да објавува смешни видеа во кои неговите следбеници, дури 600.000 од нив, можат да видат колку е посебна. Во едно особено популарно видео, кое е прегледано 57. милиони пати на „ТикТок“ и „Фејсбук“, Дорис се сеќава како го фатила сопругот во измама, но и како им се одмаздила на него и на неговата „пријателка“.

@sassygranShe could tell the way I was watching my cousin eat that I was getting grumpy 😂##sassygran

♬ original sound – Giovanni and Doris

„Открив дека има друга девојка, па станав пријателка со неа. Една вечер излеговме, а јас решив да не пијам ништо. За разлика од мене, таа се опијани. Кога беше време нешто да јадеме, таа беше толку пијана што падна со лицето на јадењето и така заспа. Потоа му се јавив на сопругот и му реков да дојде по својата пријателка“, рскажала Дорис во видеото.

@sassygranpeople asked if I’d post this again ##sassygran

♬ Drip Like ME – Kenndog

Таа на социјалните мрежи споделила многу детали за својот живот, вклучително и како имала двајца сопрузи алкохоличари и пет деца, а по вториот развод работела дури три работи за да се грижи за нив.
На крајот, таа покренала своја градинка, каде клиентите плаќале во зависност од приходот, па дури нудела и бесплатна грижа за децата за сиромашните мајки.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ТАЖНО И БОЛНО – Во Македонија денеска се регистрирани 1288 нови случаи на Ковид 19: Починаа 39. лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3349 тестирања, а регистрирани …