Ѓоковиќ: „Утре можам да ја завршам кариерата, но…“

Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер во светот, ги „наполни батериите“ за турнирот во Виена, престојувајќи во родниот Белград, каде уживаше со семејството.
Првиот рекет во светот минатата недела го изненадил неговиот син Стефан,кој имаше роденден, и во интервју открил дека тоа му е поважно од што било на светот.
„Секогаш постои причина за славење, не мора да чекате турнир, исто како што не мора да чекате на роденден на дете. Ниту било која друга свечена пригода, приватно или професионално. Секогаш има причина, но дефинитивно семејните прослави и одбележувањето на некои важни датуми во нашите животи ми се далеку поважни од секое спортско достигнување“, рекол Ѓоковиќ.

Новак има 33. години, освои 17. Грен слема, но нема намера да застане тука. Сепак, тој беше искрен и дури го допрел и крајот на кариерата.

„Сè што правам, го правам за задоволство, не барам корист или материјално значење. Уживам во тоа и се додека е така ќе бидам на теренот. После се што постигнав, кај мене не постои никакво морање, ниту обврска да играм тенис.
Утре можам да ја завршам кариерата и би бил задоволен од постигнатото, но ми претставува задоволство да одам на турнири и да се натпреварувам. Самиот чин на играње тенис ме прави радосен и весел. Ја чувствувам таа детска енергија кога сум на теренот, во смисла на задоволство и радост, и секој следен предизвик е инспирација и нова амбиција. Тоа секогаш ви треба за да се натпреварувате“, јасен е најдобриот тенисер на планетата.


Ѓоковиќ го коментираше и фактот дека многумина јавно го осудуваат, што јасно и гласно ги кажува неговите амбиции.
„Можеби на некои им пречи што имам највисоки амбиции, што можам да ги вербализирам, но јас пораснав со воспитување да бидам транспарентен, искрен. Тоа е мојот карактер, тоа е мојата личност. Понекогаш луѓето можеби сакаат да се преправаат, и јас го почитувам и тоа, но не можам да го сторам тоа. Само што ја вербализирав својата цел, историски гледано, да бидам најдолго рангиран број 1, и тоа е мојот приоритет“, заклучил Новак Ѓоковиќ.


Денес Ѓоковиќ го игра натпреварот од второто коло на турнирот во Виена против Борна Чориќ, а почетокот се очекува околу 17:30 часот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

За нас Avtor Ekran

Видете следно

(ВИДЕО) Во клиника за абортуси жена нарекла кукавица: Поради реакцијата снимката е хит!

КОГА 26-годишната Венди Гроф не се грижи за своите четири деца или не ја води …