(ВИДЕО) Кардашијанка имала корона, се снимала во кревет: „Повраќам, кашлам, градите ми горат…!“

КЛОИ Кардашијан открила дека имала коронавирус. Веста беше потврдена во најавата за последната епизода на шоуто Keeping Up With The Kardashians.
На видеото ја гледаме Клои како лежи во кревет и зборува за тоа како се чувствува.
“Само што дознав дека имам корона. Останувам во својата соба. Ќе биде добро, но последните неколку дена бев навистина болна”, вели Клои.
Некое време подоцна, Клои исто така ги опишала своите симптоми: повраќање, кашлање, треперење, главоболка, за кои истакна дека се разликува од мигрена која нормално ја добива.
„Градите ми горат додека кашлам“, рекла таа.

Во најавата се појавуваат и нејзината сестра Ким Кардашијан и нивната мајка Крис Џенер.
“Нервозно ги чекаме резултатите за да видиме дали Клои има корона. Интуицијата ми кажува дека ја има затоа што е многу болна. Се плашам за неа затоа што гледам дека сега е исплашена и дека е многу нервозна”, рекла Ким.
Важно е да се напомене дека епизодите на шоуто се снимаат однапред и дека сега објавените снимки се направени пред неколку месеци.
Инаку, во центарот на вниманието деновиве дојде Ким Кардашијан, која беше нападната од многумина откако објави фотографии од раскошната прослава на нејзиниот 40-ти роденден, која била организирана на приватен остров, а гостите не носеле маски и не внимавале на физичката оддалеченост.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ПОМАЛ БРОЈ ТЕСТОВИ ПА ПОМАЛКУ ЗАБОЛЕНИ: Во Македонија денеска се регистрирани 820 нови случаи на Ковид 19: Починати се 32 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2019 тестирања, а регистрирани …