(ВИДЕО) Во Европа се гради најдолгиот подводен тунел

Копенхаген, Берлин – По повеќе од една деценија планирање, започна работата на најдолгиот подводен тунел во светот.
Тунелот Фемарнбелт ќе ги поврзе Данска и Германија, ќе се спушти до 40. метри под Балтичкото Море и ќе биде отворен во 2029. година, пишува Си-Ен-Ен.
Тунелот, кој ќе биде долг 18. километри, е еден од најголемите европски инфраструктурни проекти, а во него ќе бидат инвестирани над седум милијарди евра.
Тунелот ќе помине низ појасот Фемарн, теснец помеѓу германскиот остров Фемарн и данскиот остров Лоланд и е исмислен како алтернатива на моменталната траектна линија од Родби и Путгартен која секоја година превезува милиони патници. Превозот со траектот трае 45. минути, а по изградбата на тунелот, ќе требаат седум минути со воз и десет минути со автомобил за да се префрлат од една во друга земја.
Тунелот, чие официјално име е Fehmarnbelt Fixed Link, исто така ќе биде најдолгиот комбиниран тунел во светот – ќе има компоненти за пат и железница.
Ќе се состои од два автопати, со две ленти, кои ќе бидат одделени со службен премин и две наелектризирани пруги.
“Денес, ако одите со воз од Копенхаген до Хамбург, потребни ви се околу четири и пол часа. Откако ќе се изгради тунелот, истото патување ќе трае два и пол часа. Многумина летаат меѓу двата града, но во иднина ќе биде подобро само да се возите”, рекол Јенс Оле Каслунд, технички директор на данската државна компанија Фемерн А/С, која е задолжена за овој голем проект.
Истото патување ќе биде побрзо и за возачите, бидејќи ќе заштедат време што нормално би го поминале чекајќи го траектот.

Проектот датира од 2008 година.
Покрај позитивното влијание врз патничките возови и автомобили, тунелот така ќе влијае и на товарни камиони и возови. Имено, се создава копнена рута помеѓу Шведска и Централна Европа, што ќе биде за 160. километри пократка отколку што е денес.
Во моментов, сообраќајот помеѓу Скандинавскиот полуостров и Германија преку Данска може да трае со траект преку Ферманбелт или подолга рута преку мостовите помеѓу островите Зеланд, Фуен и полуостровот Јутланд.
Проектот датира од 2008. година, кога Германија и Данска потпишале договор за изградба на тунелот. После тоа, биле потребни повеќе од 10. години за двете земји да донесат посебни закони и да спроведат поврзани студии.
Иако постапката од данска страна е завршена, во Германија голем број организации се пожалиле на овој проект.
Сепак, Мајкл Ловендал Крузе од Данското друштво за заштита на природата верува дека проектот ќе биде од корист за животната средина.
“Како дел од тунелот Ферманбелт, ќе се создадат нови природни области и камени гребени на данската и германската страна. На природата и треба простор и како резултат ќе има повеќе простор за природата. Но, климата ќе има најголема корист. Возовите ќе бидат конкуренција на воздушниот сообраќај, а превезувањето на товар со електричните возови е далеку најдобро решение за животната средина“, изјавил Крузе за Си-Ен-Ен.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тивок убиец на бракот – посмртоносен од пари и секс

На прашањето зошто браковите пропаѓаат, повеќето би одговориле дека причината е лошиот сексуален живот, финансиската …