(ВИДЕО) Бензема на полувремето наредил бојкот на соиграч:Еве што направил во вториот дел!

Бизарна ситуација на полувремето од второто коло од групата во Лигата на шампионите, помеѓу Борусија Менхенгладбах – Реал, при водство на домаќините со 1:0.
Играчите на Реал стоеле во тунелот и чекале да излезат на теренот пред вториот дел, а во пролазот се договарале за последните детали од планот на играта против досега подобриот противник.
Камерата и микрофоните го уловиле Карим Бензема, легенда на Реал, како му дава упатства на својот млад сонародник Ферланд Менди:
“Дај ми ја топката на мене, а не на него (Винисиус). Тој игра против нас”, рекол Бензема додека младиот Бразилец стоел близу до двајцата Французи.
Оваа сцена се претвори во главна приказна од натпреварот кој заврши 2:2. Реал се спаси, иако губеше со два гола разлика до 87-та минута.
Винисиус веќе некое време е етикетиран како оној кој не може да постигне гол, поранешен голгетер, играч кој промашува голови.
Бензема му ја додавал топката трипати во првото полувреме од натпреварот во Менхенгладбах, но откако му нареди на Менди да не му ја додава повеќе, и самиот се држел до тоа во второто полувреме. Повеќе ниту еднаш не му испратил топка.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Официјално е: Добре дојдовте на стадионот „Диего Армандо Марадона“

Градските власти на Неапол донесоа официјална одлука стадионот на Наполи „Сан Паоло“ во иднина да …