(ВИДЕО+ФОТО) Фатална глумица поради која двајца глумци ги оставиле своите жени

Скандалите поврзани со фаталната британска актерка Лили Џејмс штотуку почнуваат. Се чини дека Доминик Вест не е единствениот оженет актер кој паднал на нејзиниот шарм. Нејзиниот нов филм „Ребека“ штотуку излезе на „Нетфликс“ и додека целиот свет сè уште се опоравува од нејзината афера во Рим со оженетиот Вест пред околу десетина дена, што се претвори во скандал од глобални размери откако папараците ги фатија како разменуваат нежности – Еве нова драма.
“Daily Mail” открива дека Арми Хамер, американскиот актер со кој Лили разменува нежности на снимањето на филмот „Ребека“, римејк на класикот на Хичкок, ги оставил сопругата Елизабет Чемберс и двете деца – ќерката Харпер Грејс и синот Форд Арманд Даглас – поради Лили.
Сето тоа тргна наопаку кога Елизабет есента нашла страсни пораки и писма од мистериозна жена која се потпишувала како „Аделин“. И така, Хамер ја навел и во именикот.
Која е всушност Аделин, сè уште е мистерија. Но, интригирачки е што Елизабет ги пронашла писмата во времето кога Арми и Лили ја снимале „Ребека“. Интересно е и тоа што ликот на госпоѓа Де Винтер, кој го игра Лили, нема име во книгата или во филмот, но нејзиниот лик на снимањето, во сценариото и во приватната приколка го носел името Аделин. Колегите од сетот за медиумите откриле дека Лили флертувала со Хамер од самиот почеток, а тој бил фасциниран од неа на прв поглед.

„Таа не беше суптилна. Тој беше свесен за сè, без сомнение. Постојано го допираше, му упатуваше долги погледи, трепкаше“, рекле сведоците од сетот, додавајќи дека за време на снимањето претпочитала слободните денови да ги минува во англиско село, наводно одмарајќи се, наместо да се врати да го види своето семејство, кое исто така било во Велика Британија

По 10 години брак, Елизабет и Арми го објавија разводот во јули. Тие одлучиле да го сторат тоа заедно за време на карантинот, поради пандемијата кој го минувале на Кајманските острови. Арми веднаш се вратил во Лос Анџелес, престојувајќи со пријател во мотел, а минатата недела официјално побарал заедничко старателство над децата, што не го виделе со месеци.

„Тоа беше многу комплицирана, интензивна ситуација, со одлични ликови затворени на мало место. Никогаш во животот не сум се нашол во таква ситуација, не знаев што да правам. Не се снајдов добро во разводот. Да бидам искрен, скоро целосно го изгубив умот“, изјавил Арми за британскиот GQ.
Актерите сè уште не ги коментираа гласините за наводната афера, а останува главното прашање – кој ќе ја избере фаталната Лили – Вест, кој се преправа дека бракот му е сè уште одличен, или Хамер, кој го напушти семејството поради неа?

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) „76 дена“ – документарен филм за раѓањето на корона

Пациентите тропаат на врата и молат да бидат примени во преполните болници, здравствен работник се …