Комедијата „Брит Мари беше тука“ во киното „Милениум“

Шведската спортска комедија „Брит-Мари беше тука“ (Britt-Marie was here), филмско остварување од 2019 година ќе може да се проследи на репертоарот на киното „Милениум“ во Скопје. Филмот е адаптација на истоимениот роман од Фредрик Бакман што го има и во превод на македонски јазик. Режијата на филмот е на Тува Новотни, а улогите ги толкуваат Пернила Аугуст, Вера Витали, Петер Хабер…

Филмот беше номиниран на Гулдбеџ наградите и тоа со номинација за најдобра актерка.

Поентата на филмот е дека никогаш не е предоцна да се почне со живот. Брит-Мари има 63 години и штотуку ги остави зад себе 40 годишниот брак и нејзиниот долг живот како сопруга. Некои велат дека е здодевна пасивно-агресивна тетка, но за неа новата работа во малиот град Борг ќе биде предизвикувачка. Малиот град нема друга гордост, освен младата фудбалска репрезентација, која Брит-Мари започнува да ја тренира. Така започнува патувањето исполнето не само со борби и предизвици, туку и со топлина и љубов…

Филмот е за возрасна категорија 12 години и трае 97 минути. Дистрибутер е КТ Филм и Медиа од Битола.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Пламенка Трајковска – гудачки квартет на 2 и 4 декември со концерти за деца „Магичен квартет“

Пламенка Трајковска – гудачки квартет ќе реализира концерти за деца со наслов Магичен квартет на …