Искрена исповед на Александра Јорева Михајловска:„Денес е мојот 1. роденден како сум чиста од канцер!“

Личните битки, борби, оние кои не истоштуваат и за кои знаат малку луѓе се дел од нечија интима. Но,секогаш радува фактот што се’ почесто можеме да прочитаме искрени исповеди на познати (па и непознати лица) кои сакаат да ја обелоденат својата битка со болеста…овојпат канцерот.
Александра Јорева Михајловска имала многу храброст во оваа пандемија на корона да проговори за својата лична битка со канцерот и на тој начин и други да мотивира да зборуваат за своите борби бидејќи никогаш не се знае како некој може да реагира и од безизлезна ситуација да се фати во костец со болеста…
Подолу прочитајте ај искрената исповед на Александра:
„На 24.10.2019 година во Acibadem Sistina Hospital на генеколошко акушерскиот оддел бев примена за целосна хитерктомија со дијагноза adenocarcinoma serosum endometrii оперирана од врвниот тим на чело со мојот гинеколог Митко Ивановски и Костадиновски. Едно големо благодарам прво на нив за брзата реакција и организација, операцијата траеше околу 4 ипол часа.
Еве ме една година подоцна да се заблагодарам на дел од луѓето во мојот живот, за да се заврши се како што треба прво најголемо фала на Toni Sanac Mihajlovski за тоа што постои, на Јорев Љубчов Марко и Tamara Joreva што беа тука за мене и за Максим во тој период додека јас бев во болница. Да не заборавам дека многу важен дел во моето будење и лесно поднесување на анестезијата одиграа и соковите што ги конзумирав по препорака. На тој начин на исхрана и живот бев 7 месеци.


Неможам а да не ја спомнам Natasha Chokrevska Zografska која беше покрај мене во постоперативните денови. И Биљана патологот од онколошката болница во државна која посоперативно брзопотезно организираше се што треба од контроли и снимања КТ на абдомен и мала карлица, рнеген на плуќа и лабарториски анализи на крв и тумор маркери.
Ми беше одредена хемотерапија 4 дози од др Дева Петрова, на секоја хемо терапија со мене имав по некоја од моите лавици кои храбро криејќи го стравот за мене седеа со мене по 6 часа додека отровот течеше во моите вени Beti Trpceva, Пејиќ Татјана, Lidija Joreva,Yasemin Djasi Arsova,Tea Jovanovska, Jovan Zafirovic -Љупка.
Мојата Иванка Ина Василевска Македонска која секој ден ми велеше дека се ќе биде во ред и дека јас и требам и нејзе во животот не само на Максим и Тони и затоа господ ќе ме чува. Молитвите на братми и целата истрајност моја и ма сите околу мене. На Ljupka Perrot која беше не беше во мк но ми помогна многу.
Борбата е голема советите секогаш добредојдени од сите. Морам да ја спонам Hani Dostinova со нејзината колешка Organika Zendelovska кои без размислување застанаа до мене за совети и разговор. Моите Тања и Кико од Centar za Revitalizacija кои сеуште се со мене и се замараат за тоа јас да сум супер со нивната метода на регенерација на органи.
Biljana Kirjazova Baharudin-Jojo која Aseana Royal Spa ми ја направи втор дом за да се осеќам во своето тело поубаво иако измалтертирано од се поминато. На моите колешки и на целиот тим од Централен регистар на Република Северна Македонија кои се полни со разбирање за мојата ситуација.
На мојата комшика Zdenka Nikolovska, на Biba Dodeva која беше позитивна и ми даде ветер во грб заедно Зденка.
На наставничките на Максим Lina Mateska и Jovanka Trpkova кои на нивни начин работеа со него во периодот додека јас бев ни на небо ни на земја.
Бескрајно благодарам на Ана Камчева таа е лавица моја🙏
И поклон до земја затоа што дознав колу сум силна и што се можам да издржам и со што се можам да се борам.
До сега во оваа година се направени повеќе контроли последната контрола пред не цел месец на чело со професор др. Зоран Трајковски и целиот тим од систина..
Денес е мојот 1 роденден како сум чиста од канцер!
Благодарна на бога и на мајкичка богородичка🙏
Ви благодарам што постоите луѓе!
Сакајте се чувајте се, правете контроли и навремено реагирајте, телото ни кажува многу работи само треба да го слушаме.
Затоа што борбата е тешка, душата боли а умот има милион прашања.
Знам дека не сум веќе иста никогаш и нема да бидам и ваква се сакам повеќе!
Да бидеме живи и здрави уште бар 100г.
П.С Др. Ивановски рече дека ќе живеам уште 30г да не му ја мислам 😊 така да јас се држам на тој муабет..
Ете знаев дека ќе заборавам уште некој а тоа се Svetlana Petrovska која имаше нерви и желба да вежба со мене додека бев во никаква фаза.. нерви кабли и се тоа за мене.Marija Kosturanova која ме трпеше со моите хирови за наочари да си изгледам по ок кога бев без коса и слаба ко анорексија. Има уште луѓе кои не се таганти а тие ќе се пронајдат и фала им многу за сите линкови за суплементи“, напиша Александра на својот профил на Фејсбук.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) „76 дена“ – документарен филм за раѓањето на корона

Пациентите тропаат на врата и молат да бидат примени во преполните болници, здравствен работник се …