ЏОРЏИНА НА РОНАЛДО СИ ЈА ОТВОРИЛА ДУШАТА:„Татко ми беше дилер на дрога!“

Многумина не ме сакаат мене ниту Кристијано 
Во интервју за шпанските медиуми, Џорџина Родригез првпат отворено зборуваше за своето тешко детство. Вереницата на Кристијано Роналдо зборуваше за нејзиниот татко, осуден дилер, сиромаштијата, напорната работа и дека таа не била задоволна од физичкиот изглед во нејзината младост.


„Напорно работев за да ги остварам своите соништа, и сите мислат дека бев богата од раѓање. Работев на себе и напредував како и повеќето луѓе, рекла Џорџина.


Родена е во шпанскиот град Хуеска, а израснала во мала куќа со големо семејство. Џорџина не криела дека нејзиниот татко е осуден криминалец, кој поминал 10. години во затвор за трговија со дрога. Сега важи за една од најатрактивните жени во светот а признава дека порано била грда девојка.


„Никој не веруваше дека ќе прераснам во ваква убавица, сега луѓето ни завидуваат на Кристијано и мене. Зависта е чувство што ги уништува луѓето затоа што ги исполнува со омраза и горчина. Многумина не ме сакаат мене или мојот Кристијано. Ме погодуваше некое време, а потоа сфатив дека што и да направам ќе ме критикуваат. Затоа повеќе не ме интересираат туѓи мислења, се грижам само за среќата на луѓето што ги сакам и кои ме сакаат“, заклучува Џорџина.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ДОНЕСЕНА ОДЛУКА: Велика Британија ја одобрила употребата на вакцините на Фајзер и Бионтек

Тим од Оксфорд разви една од најуспешните вакцини против ковид 19 Велика Британија ја одобри …