(ФОТО) Раскошна венчавка на синот на Берлускони: Свадба под маски но таткото не бил присутен

Раскошната венчавка на синот на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони се одржала во Милано на 7. октомври, но деталите и фотографиите се сега објавени. Луиџи Берлускони, 32-годишниот и најмлад син на Силвио Берлускони, стапна на луд камен, во брак со Федерика Фумагали (31), која блескајќи во венчаницата, го оправда својот прекар „Лејди Милано“.


Луиџи Берлускони и Федерика Фумагали се запознале пред девет години на Универзитетот Бокони, каде студирале економија и односи со јавноста, а сега ја легализираа нивната врска. Занесната невеста и новопечената сопруга е основач на креативна агенција за дигитални содржини наречена MB Projects, чиј примарен интерес е модата и убавината.


Гостите на венчавката ги почитувале мерките за заштита и спречување на вирусот Корона, кој повторно се шири во Италија. Славниот татко на младоженецот не присуствувал на венчавката, бидејќи сè уште чекал на негативен тест за вирусот Корона, со кој беше заразен на крајот на септември.


Но, иако сите гости се придржуваа на безбедносните мерки, венчавката била сè само не скромна.Луиџи изгледал впечатливо во темносин костум со елек, со кој носел бела кошула и лила вратоврска, а невестата ги оставила сите без здив со раскошна, грандиозна венчаница со широко здолниште, заводлив корсет, богати пуф ракави и антички јака што е апсолутен хит на сезоната.
Темнокосата Италијанка за венчавката со која влегува во славното семејство избрала венчаница од дизајнерката Алесандра Рич, која ја комплетирала со бели сатенски нараквици и превез од тул во неколку слоеви.


Заедно со раскошната венчаница, се истакна еден рафиниран, класичен свадбен букет од бели рози, врзан со бела сатенска лента.
Деверушите носеле розови фустани со пуф ракави. Иако цело време носеле маски, заради фотографирање, младенците Федерика Фумагали и Луиџи Берлускони ги покажале своите среќни лица и изгледале како моделите од страниците на италијанскиот Вог. Луиџи и Федерика се во хармонична емотивна врска од 2011. година. Нивната љубов помина неколку големи тестови, и сега конечно е крунисана со брак.


Федерика го освои Луиџи со својата убавина и интелект, пишуваат италијанските медиуми, додека таа ја воодушеви неговата мајка со својата скромност и желба да ги избегне рефлекторите што е можно повеќе.


Поради својот рафиниран моден стил и многу врски што ги создаде преку работата во светот на влијателни и славни личности, Федерика го доби прекарот „Лејди Милано“ и често ја споредуваат со Кејт Мидлтон која е подеднакво проактивна и моќна, но самостојна и учтива.


Според World today news.com, на денот на венчавката се појавила опцијата поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони да се појави на свечена вечера во градот Макерио. Поранешниот политичар и медиумски магнат не е единствениот кој се борел со Корона во неговото семејство. Младоженецот прележал Ковид-19, минатиот месец, како и неговите сестри Марина и Барбара.


Силвио Берлускони го доби синот Луиџи со неговата поранешна сопруга Вроник Ларио (64), со кого ги има и ќерките Барбара и Еленор. Во бракот со Карла Елвира, Лусија Дал’Оглио (80) ги има ќерката Марина и синот Пјер. Сега е оженет со Марта Фашино (30).

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Имате стан од 30. квадрати и немате идеја како да го опремите? Оваа жена нашла решение!

Станот чија приказна денес ви ја донесуваме нè привлече на прв поглед и веројатно би …