(ФОТО) ЕВРОФЕСТ 2020: Само НАШЕ издание со квалитетни нумери и изведувачи – Гран при за Ѓоко Ѓорчев!

Во саботата во Домот на АРМ се одржа годинешното издание на „Еврофест“ и покажа дека нашата публика е желна за убави фестивалски ноти…

Поради коронавирусот кој секаде внесе „нова нормалност“ но и забрани за патувања, „Еврофест“ се одржа само со домашни сили, но во секој случај изведувачи кои се имаат потврдено на македонската поп сцена.

Публиката во Домот на АРМ, која и покрај лошата состојба со коронавирусот во нашата земја сепак дојде во голем број и покажа дека е желна за малку релаксација…За тоа пак се погрижија македонските големи ѕвезди како Блага Петреска, Благица Павловска, Кате од „Нели ти реков“, Ѓоко Ѓорчев, Серафина Фантаузо, Интервали, Јулија,…

Но, со оглед на тоа дека светот останува на младите за Мери Младеновска и нејзините композиции беа одвоени две награди, а меѓу нив е најважна секако онаа за Најслушана песна – „Лоша навика“ – меѓу двата фестивали…


За ова издание на „Еврофест“ Ѓоко Ѓорчев подготви нова песна,, „Нека е љубовта вечна“, на Костадин Костадиновски за која аранжманот го направи Филип Стевановски за што беше и награден.

Но, големите ѕвезди долго светат па така Ѓорчев и Кате Танева не потсетија на нивниот безвременски хит „Последниот танц“

„Вени, види, вици“ би важело за нашиот Том Џонс кој дојде, испеа и  убедливо победи со идниот хит “Нека е љубовта вечна“ освојувајќи го Големото фестивалско “Гран при“….

Од фотките кои беа направени зад сцената а со кои бројните изведувачи се пофалија на социјалните мрежи може да се види дека  тие одлично се забавувале. Сите со маски за заштита од корона вирусот кои ги симнувале само за фотографирање…

Со цел да не ви откриваме се’ бидејќи „Еврофест 2020“ оваа година донесе неколку изненадувања би ви препорачале да ја видиме снимката која ќе биде емитувана на ТВ Сонце на 7. ноември во 18.30 часот.


И, да не заборавиме да напоменеме дека ниту ова фестивалско издание на „Еврофест“ не би било возможно без Костадин Костадиновски кој и во зрели години успешно го организира фестивалот кој не губи на своја тежина што го покажаа и присутните во салата на Домот на АРМ, кои и покрај короната (која не покорува последните денови) дојдоа во забележителен број покажувајќи дека го почитуваат фестивалот.

Награди на ЕВРОФЕСТ 2020

ЛОША НАВИКА – МЕРИ ТОДОРОВА МЛАДЕНОВСКА-најслушана песна меѓу двата фестивали
ХИТ-МЕЛОДИИ –НАЦИОНАЛЕН КОНКУРС
1. САМО ЗА ТЕБЕ-САШО НИКОЛОВСКИ – Втора награда
(Сашо Николовски)
2. И SВЕЗДИТЕ ПЛАЧАТ СО МЕНЕ- КАТЕРИНА ТАНЕВСКА-Специјална награда
( Костадин Костадиновски-К. Костадиновски- Пламен Велинов)
3. ЉУБОВ ТИ БЕВ- ДУШКО ПУЦКОВСКИ – Специјална награда
(Горан Милошески-Огнен Неделковски-Горан Милошескки
4. ИСУС Е МОЈ БОГ – СЕРАФИНА ФАНТАУЗО – Втора награда
( Серафина Фантаузо- С. Фантаузо-Дејан Миленковски
5. ТИ СИ ТАА –ФИЛИП ЈАНКУЛОВСКИ – Втора награда
( Горан Милошески)


6. НЕКА Е ЉУБОВТА ВЕЧНА – ЃОКО ЃОРЧЕВ– Гран При
( Костадин Костадиновски –К,Костадин, Филип Стевановски )
7. БЕЗ ТЕБЕ НЕМОЖАМ – БЛАГИЦА ПАВЛОВСКА– Прва награда
( Благица Павловска-Цане Трајчевски – Љупчо Павловски)
8. НИКОГАШ НЕ ЗАМИНАВ –ИНТЕРВАЛИ – Специјална награда
(Мирче Чуков-Огнен Неделковски-Мирче Чуков)
9. СЛАВА ТЕБЕ ГОСПОДИ – ЈУЛИЈА – Прва награда + награда за текст
( Костадин Костадиновски- Јулија – Дејан Миленковски)

ПОБЕДНИЦИ НА МАКЕДОНСКИТЕ ФЕСТИВАЛИ
1. КАДЕ ДА ТЕ НАЈДАМ – ЛЕНИ ПАРТИКОВА –
( Горан Милошески –Огнен Неделковски- Г. Милошески)
2. ITS MY MIND ONLY – MEРИ ТОДОРОВА МЛАДЕНОВСКА – Гран При на град Скопје
( Јане Дунимагловски –Мери Тодорова -Ј,Дунимагловски )
3. ЧЕКАЈМЕ КАЈ ФОНТАНАТА –СЕРАФИНА ФАНТАУЗО
( Костадин Костадиновски- К,Костадиновски-Дејан Миленковски
4.СВЕНИ МИ ,СВЕНИ ,НЕВЕНЕ- БЛАГА ПЕТРЕСКА – Гран При
(Миле Барбаровски – Орце Зафировски – Миле Барбаровски)
5. МОЛЧИ СРЦЕ – ИНТЕРВАЛИ
( Дејан – Sене – Мирче Чуков)

6. БУРЕ БАРУТ – ЈУЛИЈА
( Раде Радивојевиќ-Јулија – Раде Радивојевиќ)
7. ПОСЛЕДНИОТ ТАНЦ- ЃОКО ЃОРЧЕВ И КАТЕРИНА ТАНЕВСКА
( Сашо Георгиев-Огнен Неделковски- Слободан)

Награда за текст – Орце Зафировски


Награда за аранжман – Филип Стевановски
Снимка од фестивалот премиерно ќе се емитува на 07.11.2020 во 18:30 на ТВ Сонце

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) „76 дена“ – документарен филм за раѓањето на корона

Пациентите тропаат на врата и молат да бидат примени во преполните болници, здравствен работник се …