Споредете ги малите прсти: Ако забележавте разлика еве за што станува збор

Доколку го придржувате телефонот со малиот прст, веројатно и вие имате вдлабнување за кое зборува целиот свет.
Добро погледнете ги вашите дланки и споредете го малиот прст на левата со малиот прст на десната рака. Ако забележувате разлика, еве за што станува збор.Ако веќе со години не го испуштате телефонот од раце, голема е веројатноста да патите од „смартфон мал прст“ (smartphonepinky), деформитет кој го предизвикуваат паметните телефони од кои веќе никој од нас не се одвојува.

Не само што паметните телефони влијаат на менталното здравје, туку судејќи по сè тие влијаат и на физичкото. Голем број луѓе пријавуваат случаи на вдлабнување на прстите кое е предизвикано од држењето на телефонот.

Доколку го придржувате телефонот со малиот прст, веројатно и вие имате вдлабнување за кое зборува целиот свет. Иако лекарите сè уште не дале официјална потврда дека телефоните се главните виновници за искривеност на прстите, д-р Парина Патер вели дека постојат причини за верување дека претераната употреба на мобилен телефон може да влијае на нашата мускулна функција и може да ги оштети зглобовите.


Некои истражувања исто така откриле дека прекумерната употреба на паметни телефони може да предизвика болка во палците, а што се однесува до истата, д-р Патер има решение: стиснете ја во тупаница раката со која најчесто го држите телефонот, а потоа добро истегнете ги прстите. Ваквата вежба практикувајте ја неколку пати на ден.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Имате стан од 30. квадрати и немате идеја како да го опремите? Оваа жена нашла решение!

Станот чија приказна денес ви ја донесуваме нè привлече на прв поглед и веројатно би …