Покрената истрага против Кристијано Роналдо

Го прекршил протоколот за ковид – 19
Италијанскиот министер за спорт Винченцо Спадафора инсистира на истрага дека фудбалерот на Јувентус, Кристијано Роналдо го прекршил протоколот за Ковид-19, објавија медиумите во таа земја.
Спадафора смета дека Роналдо не смеел да го напушти Торино со цел да игра за репрезентацијата на Португалија во Лигата на нациите кон средината на октомври, пренесува Бета.
Требало да остане во таканаречениот „заштитен балон“ бидејќи биле регистрирани случаи на инфекција со коронавирус во младинскиот објект во Јувентус.

Роналдо на 11. октомври одиграл натпревар против Франција во Париз, а два дена подоцна беше објавено дека е позитивен на коронавирусот, поради што не играше на мечот со Шведска.
Тој се врати во Торино со приватен авион и оттогаш е во самоизолација.
Јувентус и Роналдо ги отфрлија тврдењата на Спадафора и истакнале дека не сториле ништо лошо.
Поради влошената епидемиолошка состојба, италијанската влада повторно воведе рестриктивни мерки, како што беа оние на пролет, кои, меѓу другото, ги прекинаа аматерските спортови.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Синот на Шумахер потпишал за тим од Формула 1

Мик Шумахер, син на легендарниот Михаел, ќе го дочека своето деби во Формула 1 – …