(ФОТО) ЕМОТИВНА ПОРАКА – Хабиб: „Фала ти тато за се, ме научи на се во животот!“

„Кога Алах е со тебе, никој не може да те скрши, никој“, напиша Хабиб
„Кога Алах е со тебе, никој не може да те скрши, никој. Ти благодарам тато за сè, ме научи на сè во животот, Аллах нека ве награди со најубавото место во Рајот“.
Тоа е пораката објавена на Инстаграм од Хабиб Нурмагомедов откако синоќа ја одбрани титулата во лесна категорија совладувајќи го Џастин Гејчи во второто коло.
После мечот во кој го потврди својот статус на број 1 во овој спорт, тој реши да се збогува со својата ММА кариера затоа што без неговиот татко не сака да се бори.
Абдулманап Нурмагомедов, таткото и тренер на шампионот во лесна категорија УФЦ, почина во Москва од последиците од компликациите од инфекција со коронавирус.

Откако го победи Гејчи, тој беше преплавен од емоции и плачеше.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Почнува војната за богатството на Марадона: 11. деца и 8. жени ќе се борат за 75. милиони долари

Војната за богатството на покојниот Диего Марадона, расфрлано од Венецуела и Белорусија до Италија и …