(ВИДЕО+ФОТО) НОВ КРАЛ НА ФОРМУЛА 1 – Луис Хамилтон го собори рекордот на Михаел Шумахер и службено стана најуспешен пилот во историјата на Формула

Британскиот возач, Луис Хамилтон (35) победи во трката за Големата награда на Португалија во Портимао и стигна до 92-от триумф во кариерата и го престигна Михаел Шумахер на вечната листа по бројот на победи …

Возачот на Мерцедес го достигна Михаел Шумахер (91 победа) на последната трка на патеката во Нирбургринг, а во Португалија славеше пред колегата, Финецот Валтери Ботас и Холанѓанецот Макс Верстапен (Ред Бул).
Заедно со рекордот, на Хамилтон му се насмевнува и седмата титула по ред затоа што го возеше најбрзиот круг на патеката на Алгарве, па сега има огромни 77 поени пред Ботас во генералниот пласман.

Со победата во Португалија, Хамилтон додаде уште една земја на својата мапа на глобална доминација, откако претходно победи во повеќе земји од сите во историјата на овој спорт, а Португалија, која денес беше домаќин на Формула 1 трка за прв пат по 24. години, беше 24 земја во таа серија.

Бидејќи Хамилтон сè уште не планира да се повлече, тој би можел да слави за прв пат следната година во Виетнам и Холандија, каде по 1985. година се враќа Формула 1, како и во Саудиска Арабија, која исто така може да биде на календарот за прв пат.
Следната трка ќе се вози на 1. ноември во Италија.
Возачи со најмногу победи во формула 1:
1. Луис Хамилтон (Велика Британија) * 92 (2007-)
2. Михаел Шумахер (Германија) 91 (1991-2012)
3. Себастијан Фетел (Германија) 53 (2007-)
4. Алан Прост (франција) 51 (1980-1993)
5. Аиртон Сена (Бразил) 41 (1984-1994)
6. Фернандо Алонсо (Шпанија) 32 (2001-2018)
7. Најџел Менсел (Велика Британија) 31 (1980-1995)
8. Џеки Стјуарт (Велика Британија) 27 (1965-1973)
9. Ники Лауда (Австрија) 25 (1971-1985)
10. Џим Кларк (Велика Британија) 25 (1960-1968)
11. Хуан Мануел Фанџо (Аргентина) 24 (1950-1958)

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Официјално е: Добре дојдовте на стадионот „Диего Армандо Марадона“

Градските власти на Неапол донесоа официјална одлука стадионот на Наполи „Сан Паоло“ во иднина да …