(ФОТО) Ќерката на Алек Болдвин и Ким Бесинџер во топлес ги повикала луѓето да гласаат на изборите

Иреланд Болдвин се обидува да ги поттикне своите следбеници да гласаат на претстојните избори во САД и со вчерашниот пост на Инстаграм сигурно го привлече нивното внимание.
Ќерката на Алек Болдвин и Ким Бесинџер остави малку на фантазијата позирајќи во топлес со налепницата „I voted“ (јас гласав).

25-годишната девојка сподели неколку такви фотографии со своите над 628.000 следбеници на Инстаграм и ги покани да гласаат на претстојните претседателски избори во САД.

„Гласањето е кул, како и непропорционалните гради“, напиша таа покрај фотографиите за кои доби повеќе од 44.000 лајкови, но и бројни комплименти. „Прекрасна си“, „Не благослови денес“, „Буквално си совршена“, „Го имаш моето внимание“, напишале нејзините придружници.

Иреланд Болдвин е последната во низата sвезди кои се соблекоа и ги повикаа своите обожаватели да излезат на гласачките места. Пред неа тоа го сторија Наоми Кембел, Џаред Лето, Кајли Џенер, Марк Руфало, Сара Силверман …

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) „76 дена“ – документарен филм за раѓањето на корона

Пациентите тропаат на врата и молат да бидат примени во преполните болници, здравствен работник се …