(ФОТО) ТРАГЕДИЈА -РОДИТЕЛИТЕ СЕ ОТРУЛЕ СО КИСЕЛИ КРАСТАВИЧКИ: Децата три дена биле покрај ЛЕШОВИ, сестричката (5) сето време се грижела за помладиот брат (1)

Девојчето и нејзиниот брат биле пронајдени во станот три дена откако нивните родители починале од труење со кисели краставички.
Роднините на руската двојка Јакунун, Александар и Викторија, не можеле неколку дена да ги добијат на нивните телефони. Имено, тие ја пропуштиле семејната средба и по неколку телефонски повици одговорила петгодишната ќерка.


Девојчето рекло дека мама и тато заспале и спиеле долго време, но и дека таткото ја сменил бојата. Таа цело време се грижела за својот едногодишен брат.
Наталија, сестрата на Александар, за руските медиуми изјавила дека веднаш по повикот дошла во нивниот стан.



„Кога видов, паднав и почнав да врескам“, рекла Наталија.
По пристигнувањето на полицијата и брзата помош, утврдено е дека причина за смртта е труење.
Александар и Викторија од неговата баба, неколку дена пред немилиот настан, добиле домашни киселаи краставички. Се сомнева причина за смртта бил ботулински токсин од краставичките. Тој предизвикува парализа и, во најлош случај, откажување на органите за дишење.


Соседот Микаил Комченко и рекол на полицијата дека алкохолот не е причина за труењето затоа што парот не го конзумирал.
Таткото на Александар во моментов се грижи за момчето и девојчето.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Мерил Стрип: Не губам ниту една минута на оние кои лажат или сакаат да манипулираат!

Веќе немам трпение за некои работи, не затоа што станав арогантен, туку едноставно затоа што …