(Рецепт) Запрете ја настинката на време: Напиток кој спречува инфекции и вируси

Состојки:
1/4 филџан рендан лук
1/1 филџан рендан ѓумбир
2 лажички рендан рен
700 мл органски оцет од јаболки
2 лажици куркума во прав
1/4 филџан ситно сечкан кромид
2 чили пиперчиња
Подготовка:сите состојки измешајте ги во голема тегла (имајте предвид дека 1/3 во теглата мора да биде оцет). Теглата ставете ја на суво и ладно место. Секој ден протресувајте ја содржината, така три дена. Течноста исцедете ја во друг сад и чувајте во фрижидер.
Остатоците не ги фрлајте туку искористете ги како прелив за салата, но додајте маслиново масло.
Употреба: иако овој лек има јак вкус, имајте на ум дека не смеете да го разредувате. Едноставно голтнете го, а потоа изедете залче некоја храна за да го отстраните непријатниот вкус. Една лажица од оваа мешавина го јакне имунитетот и лекува настинки.
Секој ден малку зголемувајте ја дозата. Ако имате сериозни тешкотии,  земајте 5 до 6 пати дневно од напитокот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Имате стан од 30. квадрати и немате идеја како да го опремите? Оваа жена нашла решение!

Станот чија приказна денес ви ја донесуваме нè привлече на прв поглед и веројатно би …