ИН МЕМОРИАМ: Почина Васил Ангов, музичар, пејач – трета жртва на ковид во Гевгелија

Почина познатиот македонски пејач и инструменталист Васил Ангов (51)
Синоќа, пред полноќ (23 октомври 2020) престана да чука срцето на гевгелискиот музичар, пејач, повеќекратен учесник на македонските фестивалски сцени – Васил Ангов.
Немилата вест ја пренесоа од неговото семејство, а молскавично проструи низ Гевгелија.


 


Освен тагата за загубениот пријател, сограѓанин, весел лик, добар другар и извонреден забавувач, гевгеличани ги шокираше и веста дека Васил е третата ковид жртва во Гевгелија.


Почина во болнички услови во Скопје, по поставувањето на респиратор, но коронавирусот беше немилосрден кон неговите присутни коморбидитети во организмот.
На социјалните мрежи многумина се простија од човекот кој остави неизбришлива трага на македонската поп сцена…

Неговите настапи на „Макфест“ и „Скопскиот фестивал“ ќе останат запаметени, а локалната публика го препознаваше, па и новите генерации со „викенд“ настапите низ локалните сцени во Гевгелија и околината, заедно со неговиот син,Андон, наследник и по музиката.

На социјалните мрежи со неверување и болка пријателите се збогуваат со Васил Ангов, познат по „Оди Адио”, „Кому да го дадам срцето”, „Премногу ти верував”, „Ти си ми сонце” и уште неколку познати македонски рефрени.

Васил беше познат и по убавите ноќни клубски забави на југоистокот,а имаше и неколку забележителни настапи на фестивалот “МакФест”.

Почивај во мир Василе!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЗАТЕМНУВАЊЕТО НА СОНЦЕТО НА 4. ДЕКЕМВРИ ВАКА ЌЕ ВЛИЈАЕ НА ВАШИОТ ХОРОСКОП: Некои ќе блеснат како ѕвезди, на други минатото ќе им се ПОВАМПИРИ!

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации …