Новиот сингл на пејачката Ариана Гранде е музичката вест на денот. По бројните шпекулации, Гранде го објави својот нов шести албум со синглот Positions, а темата на видеото не можеше да дојде во подобро време.
Имено, видеото се одвива во Белата куќа, а Аријана ги менува улогите во него, вклучително и претседателот на масата во Овалната соба. Се разбира, на денот кога сите зборуваа само за последната дебата на кандидатите за претседател на САД, Доналд Трамп и Џо Бајден, видеото на Аријана пристигна како нарачано.
За само пет часа од објавувањето на песната, видеото е прегледано 5. милиони пати на Јутјуб и веќе е на врвот на музичкиот тренд на ЈуТјуб во САД, но и во многу други земји во светот. За рекордно време, песната се искачи и на врвот на американскиот iTunes.
Реакциите на социјалните мрежи не престануваат да се нижат. “Кој победи на претседателската дебата? Аријана Гранде”, “Аријана за претседател”.
Шести албум
„Едвај чекам да ви го претставам мојот албум овој месец“, напиша Аријана минатата недела на социјалните мрежи, а нејзината веб-страница открива дека албумот треба да излезе на 30-ти октомври.
Последниот албум на оваа мегапопуларна 27-годишна девојка, Thank U, Next, излезе во февруари минатата година и веднаш заврши на врвот на Билборд топ листите и и’ донесе пет номинации за Греми.